Дома Трансфер зона „Легенда“: Помина шест сезони во Интер со – нула настапи и два црвени картони!

„Легенда“: Помина шест сезони во Интер со – нула настапи и два црвени картони!

Томасо Берни симболично имаше улога на трет голман во Интер, но во шест сезони не собра ниту еден настап.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Берни е голман кој никогаш не запиша ниту еден официјален настап за Интер. Беше во главно со тимоот, даваше совети на помладите, а единствено што „заработи“ во тие шест сезони се два црвени картони поради приговор.

Дојде во 2014 година и сега си заминува како 37 годишник по истекот на неговиот договор.

Последен пат во натпревар од Серија А беше пријавен уште на 28 октомври во 2012 година и тоа во натпреварот Сампдорија – Каљари.

Пред Интер беше член на: Вимблдон, Тернана, Лацио, Салеритана, Брага, Торино и Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…