Фудбалскиот клуб ЦСКА Софија го објави трансферот на своето 12-то засилување летово. Станува збор за легенда на Лидс Јунајтед, Лиам Купер кој собра 284 настапи, а 64 од нив се во Премиер лигата.
Во редовите на Лидс помина десет години и стана една од највалијателните фигури. Тој ја носеше и капитенската лента со што се етаблираше како неприкосновен лидер во соблекувалната на клубот од Јоркшир.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Исто така тој има и 19 натпревари за репрезентацијата на Шкотска. Роден е на 30-ти август 1991 година и неговите први минути во Премиер лигата ги одигра против Ливерпул во септември 2009 година.