Дома Фудбал Останато Левандовски конечно проговори за можниот трансфер во Реал и ги изненади сите

Левандовски конечно проговори за можниот трансфер во Реал и ги изненади сите

Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски игра одлично и оваа сезона, постигна 20 гола и убедливо е првиот стрелец во Бундеслигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Полјакот веќе некое време се поврзува со заминување од Минхен, а наводно најсериозна опција е Реал Мадрид кој навистина долго време го сака во своите редови. Сепак, напаѓачот тврди дека не размислува за својата иднина, како и дека е фокусиран само на германскиот клуб.

„Не размислувам за својата иднина, ниту учествувам во разговорите за трансферите. Играм за Баерн и сакам да дадам се од себе за овој клуб. Единствено сум фокусиран само на тоа. Доколку сега би размислувал за шпекулациите кои ме поврзуваат со Мадрид, би го загубил фокусот и приоритетот, што би влијаело врз моите настапи“ изјави напаѓачот.

Потсетуваме, Левандовски во Баерн пристигна во 2014. година од Борусија Дортмунд и до сега за Баварците постигна 137 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…