Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски има шанси вечерва да го сруши рекордот на Кристиано Роналдо.
Баерн вечерва ја започнува одбраната на титулата против Атлетико Мадрид, а ударна игла во нападот повторно ќе биде Левандовски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатата сезона Баерн сруши рекорд во Лигата на шампиони и стана првиот тим кој станал шампион со сите победи во таа сезона.
Нивната „низа“ од 11 победи може да биде продолжена, а вечерва додатен мотив ќе има и Роберт Левандовски.
Полјакот може да стане првиот фудбалер во историјата кој ќе постигне 10 голови во низа во групната фаза.
Моментално рекордот го држи Кристиано Роналдо со 9 гола во периодот од 2012 до 2014 година.