Лос Анџелес Лејкерс обезбедија пласман во финалето на НБА Купот откако во изминатата вечер го совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 133:89 во вториот полуфинален меч од завршниот турнир во Лас Вегас.
Противник на „Езерџиите“ за историскиот трофеј во новото натпреварување ќе биде Индијана која го совлада Милвоки Бакс со 128:119.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лејкерс беа предводени од фантастичниот Леброн Џејмс кој натпреварот го заврши со 30 поени и шут 9/12 од поле, 4/4 од три поени, додавајќи осум асистенции и пет скока. Треј Марфи со 14 и Зион Вилијамсон со 13 беа најефикасните кај Њу Орлеанс.
Индијана до победата беше предводена од Тајрис Халибартон со дабл-дабл од 27 поени, 15 асистенции и седум скока. Во редовите на Милвоки се издвои Јанис Адетокумбо со 37 поени и 10 скока, но тоа не беше доволно.
Финалето се игра ноќта помеѓу сабота и недела по македонско време од 02:30 часот.