Екипата на Лајпциг вечерва ја оствари третата победа по ред во Бундеслигата, откако славеше победа со 5:1 против Келн.
Натпреварот го отвори Симонс кој стрелаше за 1-0 во 15. минута, а само 180 секунди подоцна Адамјан погоди за 1-1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Биковите“ постигнаа уште четири гола во вториот дел, и тоа два преку Опенда, а по еден постигнаа Поулсен и Хаидара.
Елиф Елмас не доби шанса и остана на клупата на Лајпциг.
Со оваа победа Лајпциг е на четвртото место во германското првенство со 49 бодови по 26 одиграни кола.