Одлуката е конечна и нема да ја менуваат…
Втор пат во само неколку дена Лајпциг и официјално потврди дека Наби Кеита нема да ја напушти Германија во пред крајот на актуелната сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Притисокот на Ливерпул над Лајпциг да го пушти Кеита кој посебно беше зголемен по заминувањето на Фелипе Кутињо, сепак не вроди со плод.
Првобитниот договор нема да се менува, Наби Кеита ќе се пресели на „Енфилд“ во текот на летото за сума од 75 милиони евра.
„Наби Кеита е фудбалер на Лајцпиг и така и ќе остане до 30 јуни 2018 година. Сакаме да ги демантираме сите шпекулации во врска со неговата иднина кои се појавија во последниот период“, соопштија од германскиот клуб.