Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Лаутаро Мартинез стави потпис на нов договор со Интер.
После долгите преговори италијанскиот гигант денес објави дека Лаутаро Мартинез ја продолжил верноста со клубот до 2029 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лаутаро се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи на светот, па за Интер беше приоритет да го задржи во своите редови.
Со новиот договор Лаутаро ќе биде најплатен фудбалер на Интер и годишно ќе заработува 9 милиони евра плус бонуси.
📝 𝗗𝗘𝗔𝗟 𝗗𝗢𝗡𝗘: Lautaro Martinez has signed a new contract at Inter until June 2029. 🇦🇷
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 12, 2024
(Source: @inter) pic.twitter.com/vIvDIh7UQq