Тренерот на Челзи, Френк Лампард призна дека во јануари сака да го засили тимот со нови играчи, но трансферите нема да влијаат на младите фудбалери.
На Челзи му е укината забраната за трансфери, па во јануари ќе биде активен на трансфер пазарот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лампард во летото не можеше да купува нови играчи, па оваа сезона промовираше некои млади фудбалери кои блеснаа во синиот дрес.
„Секогаш сакам да го засилам тимот, ова лето го изгубивме Еден Азар, кој беше многу важен игач за овој тим. Мислам дека најдовме начин за да можеме да бидеме конкурентни, тоа го покажуваме во првенството и Лигата на шампиони. Дали можеме да бидеме подобри? Секако дека можеме, особено во нападот“, истакна Лампард и потенцираше дека новите играчи нема да влијаат на младите фудбалери.
„Тоа нема да се случи. Младите играчи се овде да останат долго. Верувам во нивнииот квалитет и сакам да бидат подобри и да напредуваат. Но, сакаме да се засилиме, а тоа нема да влијае на младите играчи“, додаде Лампард.