Екипата на Ливерпул ги однесе трите бода од гостувањето на „Стемфорд Бриџ“ откако славеше против Челзи со 2:1.
Тренерот на Челзи, Франк Лампард смета дека неговиот тим не заслужи да биде поразен и бил подобар на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бевме подобар тим на теренот. Имавме повеќе енергија во играта, карактер и дух. Затоа публиката аплаудираше на крајот. Продолжуваме понатаму. Би сакал да помислам дека можевме да постигнеме уште неколку голови, но видовте дека Мејсон во една прилика беше во офсајд. Жално е кога славиш, а пота следи тој момент, но ако бараме исправни одлуки, тоа е тоа“, истакна Лампард.
Од друга страна пак Јирген Клоп тврди дека неговиот тим заслужено ги освоил трите бода.
„Првото полувреме беше напорно за нас. Постигнавме два прекрасни гола, можевме да постигнеме веднаш по паузата уште неколку. Освоивме три бода, иако во Лондон тешко е да се победи. Се уште не сме освоиле ништо, поминаа само шест натпревари. Треба да бидете подготвени за сите ривали. Секој сака да не победи. И ние треба да го направиме она што мора да го сториме“, изјави Клоп.