Челзи е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот ова лето и веќе донесе две големи засилувања за следната сезона.
„Сините“ уште во јануари го обезбедија потписот на Хаким Зијах од Ајакс, а пред неколку недели го официјализираа трансферот на Тимо Вернер од Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Челзи не сака тука да застане и ова лето ќе донесе уште неколку нови засилување, а тоа го потврди и менаџерот Френк Лампард.
„Се обидуваме да се движиме по одедена насока и сигурно нема да биде лесно да ги постигнеме целите. Тоа се виде и во други клубови изминатите години, напредокот оди чекор по чекор. Веќе забвршивме добра работа на трансфер пазарот, но сигурно сакаме уште да се засилиме“, изјави Лампард.