Дома Фудбал Англија Лаказет може да го напушти Арсенал, познат првиот фаворит за неговиот потпис

Лаказет може да го напушти Арсенал, познат првиот фаворит за неговиот потпис

Францускиот напаѓач Александар Лаказет би можел да го напушти Арсенал на крајот од сезоната.

Во англиските медиуми се појави информација дека Арсенал е спремен да ги разгледа сите понуди за францускиот напаѓач и немаат ништо против негова продажба.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Главен кандидат за негов потпис во овој момент е Монако кој е предводен од Нико Ковач.

Инаку, договорот на Лаказет со Арсенал има важност до летото 2022 година, а неговата вредност во овој момент се проценува на 35 милиони евра.

Сезонава тој постигна 11 голови и запиша три асистенции во 30 настапи за Арсенал во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Четворица фудбалери на Македонија отпаднаа од дуелот со Данска

Македонија вечерва од 20.45 часот ќе се соочи против Данска во Копенхаген, а селекторот Го…