Дома Трансфер зона Куртоа го бакна грбот на Реал и порача: Дојдов во најдобриот клуб во светот (видео)

Куртоа го бакна грбот на Реал и порача: Дојдов во најдобриот клуб во светот (видео)

Реал Мадрид денес и официјално го претстави Тибо Куртоа кој пристигнува од Челзи за сума од 35 милиони евра.

Трансферот на Куртоа беше потврден вчера вечер, а голманот утрово пристигна на прегледи во Мадрид каде што подоцна и стави потпис на шестгодишен договор.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Чест е, но и одговорност да се игра за најдобриот светски клуб. Не можам да искажам колку сум среќен и колку напор вложив за да дојдам во Реал Мадрид. Како дете го сонував Реал Мадрид. Денес својот сон го исполнив. Во иднина ќе бидам еден од вас. Да живее Мадрид“, изјави Куртоа.

Ќе потсетиме како дел од договорот во тимот на Челзи, премина играчот за врска Матео Ковачиќ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…