Дома Фудбал Куман: ВАР се користи само на штета на Барселона

Куман: ВАР се користи само на штета на Барселона

Тренерот на Барселона, Роланд Куман како главен виновник за поразот во Ел Класико го посочи ВАР системот.

Барселона беше поразена со 1:3, а клучниот момент се случи во 63-та минута кога судијата со помош на ВАР системот досуди пенал над Серхио Рамос.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„По мечот го прашав судијата која е поентата на ВАР ако се користи само против Барселона. Јас не сум против, сакам технологијата да им помогне на судиите, но тоа треба да биде од корист за сите тимови, а не само против одредени. Не разбирам некои одлуки како и на средбите со Гетафе и Севиља. Одигравме пет натпревари и ВАР ниту еднаш не донесе одлука во наша корист“, изјави Куман.

„Не разговарав со Ленгле, но за мене тоа најпрво беше прекршок од Рамос, а потоа Ленгле го повлече. Не беше пенал, тоа е мојот став“, заклучи Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Дијас веќе има договор со Баерн, објави “Билд”

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Дијас, постигна договор со Баерн Минхен за личните услови, екс…