„Несудениот“ македонски репрезентативец Дејан Кулушевски вчера беше претставен како ново засилување за Тотенхем.
Кулушевски во лондонскиот клуб пристигна од Јувентус на позајмица која ќе трае до летото 2023 година, а потоа Тотенхем ќе има можност да го откупи неговиот договор. Во Јувентус Кулушевски пристигна летото 2020 година од Парма, но не се покажа како што се очекуваше.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој вчера го потпиша договорот со Тотенхем и повторно го избра дресот со број 44 кој некако стана негов заштитен знак. Англичаните го прашаа Кулушевски зошто носи токму 44, а неговиот одговор беше изненадувачки.
Имено, шведскиот репрезентативец го носи овој број затоа што негов фудбалски идол кога растел бил Јанузај кој тогаш играше за Јунајтед и го носеше овој број.