Дома Луд Спорт Кристиано Роналдо куртули од обвиненијата за силување – еве како се спаси

Кристиано Роналдо куртули од обвиненијата за силување – еве како се спаси

Фудбалската ѕвезда Кристиано Роналдо официјално ќе одбегне обвинение за силување, потврди обвинителството од Лас Вегас, Невада.

Против Португлецот обвинителството водеше постапка за наводно силување во 2009 година. Кетрин Мајорга го обвини славниот фудбалер дека ја силувал во хотелска соба во Лас Вегас. Таа Роналдо го запознала во еден ноќен клуб во Лас Вегас.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Таа прво се спогодила и прифатила паричен надомест од 375.000 евра, за да не зборува за наводниот инцидент, но десет години подоцна таа го смени ставот. Најпрвин на медиумите им ја раскажала целата случка, а потоа преку своите адвокати започна да го гони Роналдо.

„Откако повторно ги прегледавме информациите што ни беа достапни решивме дека не може да утврдиме со сигурност дека Роналдо сексуално ја злоупотребил. Поради тоа обвинувањата се отфрлаат“, се наведува во соопштението на обвинителството во Лас Вегас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Змија прекина меч во Србија, го гризна и судијата🎥

На натпревар од градската фудбалска лига во Србија, помеѓу Горно Синковце и Радник Шишинац…