Во Колумбија е во тек голема воена и полициска потрага по таткото на фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз, а властите нудат награда од 45.000 евра за информации кои ќе доведат до негово спасување.
Повеќе од 120 војници, како и полицајци, во неделата ја пребараа северна Колумбија по Луис Мануел Дијаз, таткото на фудбалерот на Ливерпул, по информациите дека вооружени лица ги фатиле него и неговата сопруга.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во меѓувреме, колумбискиот претседател Густаво Петро на социјалните мрежи објави дека е пронајдена мајката на овој 26-годишник, но дека се уште се трага по таткото.
Во соопштението, војската соопшти дека поставила блокади на патиштата и распоредила два моторизирани водови, беспилотни летала, хеликоптери и авион опремен со радар за да го бараат неговиот татко.
Колумбиските власти не објавија детали за пријавеното киднапирање, но локалните медиуми соопштија дека мајката и таткото на Дијаз биле земени од вооружени лица на мотоцикли на бензинска пумпа во Баранкас, нивниот роден град, лоциран во Ла Гуахира, во северниот регион на земјата.
Директорот на Националната полиција, генералот Вилијам Рене Саламанка, понудил „до 200 милиони пезоси“ (околу 45.000 евра) за информации кои ќе доведат до пронаоѓање на таткото на фудбалерот на Ливерпул.
Ливерпул вчера се сретна со Нотингем Форест во Премиер лигата и победи со 3-0, но Дијаз не беше во составот.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп му ја посвети победата на Луис Дијаз, велејќи: „Победивме за нашиот брат“.
Очигледно моравме да направиме промени пред натпреварот поради приватната ситуација на Луис Дијаз“, објасни Клоп пред натпреварот.
„Ноќта беше тешка. Никогаш не сум бил во таква ситуација. Ова искуство е ново и непожелно“, додаде тој.
Фудбалскиот сојуз на Колумбија исто така понуди поддршка за Дијаз и неговото семејство.
Ја изразуваме нашата солидарност со него и целото негово семејство и ги повикуваме службите да реагираат што е можно побрзо за да се реши оваа ситуација“, се вели во соопштението.