Дома Актуелно Кризата во Тетекс се поголема: Клубот остана и без претседател

Кризата во Тетекс се поголема: Клубот остана и без претседател

Навивачите на Тетекс отворија акција за спас на клубот (тука), но во тетовскиот клуб изгледа кризата е се поголема.

Денес беше објавено дека од функцијата претседател си заминува Мирче Блажевски.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мирче Блажески поднесе оставка од функцијата претседател на ФК Тетекс! Поради неговата неспособност да обезбеди финасии за клубот, полесно му беше да рекетира со неговиот соработник Александар Трифуновски (50-50) и да земе од одредени фудбалери пари за место во првиот тим.

Сакаше тивко да си замине од клубот без голема галама, бидејќи од горе до доле е со гомна, без образ кај навивачите и љубителите на ФК Тетекс.

Клубот го има предадено на други лица и го оставил на цедило како што претходно го најавивме за да не одговара – п…а!

Овој човек како и сите останати како него пред него ќе биде запишан како гробар на клубот бидејќи згреши и го доведе фудбалскиот клуб Тетекс на работ на згаснување.

Никогаш повеќе несмееат такви личности да имаат било каква фунција во нашиот Тетекс.

Подалеку од Тетекс и никогаш да не се појават на стадион – забрана доживотна!

Тетекс е клуб со традиција, неможе да згасне иако во редовите имало и ќе има душмани.

Ние како навивачи кога ќе приметиме било во минатото или сега, секогаш ќе застанеме во првите борбени линии зад нашата гордост Тетекс и јасно и јавно ќе го кажеме нашето без влакна на јазикот!

Секој кој ќе се осмели да го извалка светото име на нашиот клуб ќе сноси трајни последици со заминување од ФК Тетекс“, стои во објавата на Фејсбук страната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…