Дома Фудбал Англија Крај на сезоната за Енцо Фернандез!

Крај на сезоната за Енцо Фернандез!

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез ќе отсуствува до крајот на сезоната поради операција на абдоменот, пишува аргентинскиот весник „Оле“.

Фернандез трпеше и играше со болки, а имаше опција лекувањето да се префрли на лето. По консултација со лекарите на Челзи и аргентинската репрезентација, одлучено е веднаш да се реагира за да не настане поголем проблем.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Исто така намерата е Фернандез да биде подготвен за Копа Америка која стартува на 20 јуни.

Членот на шампионскиот тим на Аргентина од Катар пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Лисабон во јануари 2023 година во трансфер вреден 121 милион евра. Неговите настапи оваа сезона не се на високо ниво, а не е ниту целиот тим на Челзи.

Фернандез оваа сезона одигра 40 од 45 натпревари за лондонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најсилниот тим во Европа има сериозен проблем: „Не сакам ни името да му го споменам“

Францускиот шампион ПСЖ ја освои Лигата на шампионите минатата сезона и се смета за најдоб…