Дома Фудбал Останато Кој е подобар: Болт со одговор на вечната дилема Меси или Роналдо

Кој е подобар: Болт со одговор на вечната дилема Меси или Роналдо

Најдобриот спринтер на сите времиња, Усаин Болт изјави дека по негово мислење Кристиано Роналдо е подобар фудбалер од Лионел Меси.

Болт му даде предност на Португалецот, бидејќи се докажа и во Премиер лигата.

„Роналдо е подобар. Беше доминантен во Премиер лигата и сега во Примера. Покажа дека може да направи разлика во било кое првенство. Јас сум негов навивач. Го следам со години, а неколку пати и сме се сретнале. Го сакам Манчестер Јунајтед, но го почитувам и Реал Мадрид, бидејќи таму е Роналдо“, изјави Болт.

Болт по завршувањето на атлетската кариера се одлучи да се проба во фудбалот, па веќе некое време тренира со Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дани Олмо двапати го одбил Баерн пред да се приклучи на Барселона

Агентот на Дани Олмо откри дека шпанскиот фудбалер двапати го одбил Баерн Минхен пред да с…