Македонската кошаркарска репрезентација доживеа пораз на првиот претквалификациски натпревар за СП 2019 против Косово со резултат 72-68.
Македонија во првото полувреме играше навистина многу лошо и на полувремето од натпреварот Косово имаше плус 20 поени, со што подобрата игра во второто полувреме успеа да ја намали разликата и да се избегне убедливиот пораз од репрезентација која ја доживеа првата победа во својата историја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џордан Теодор беше нашиот најдобар стрелец во овој натпревар со постигнати 22 поени, капитенот Стојановски успеа да постигне 17 поени, а најдобар поединец на натпреварот беше домашниот капитен Бериша со 28 постигнати поени.
Во сабота од 20:30 часот, нашите кошаркари ги очекува првиот натпревар на домашен терен во претквалификациски циклус и тоа против репрезентацијата на Естонија.