Дома Фудбал Италија „Кориере дело Спорт“ открива детали: Роналдо останал два часа во соблекувалната на „Местаља“…

„Кориере дело Спорт“ открива детали: Роналдо останал два часа во соблекувалната на „Местаља“…

И понатаму не се смируваат страстите после она што се случуваше на натпреварот помеѓу Валенсија и Јувентус.

Јувентус на гостински терен запиша победа против Валенсија во рамките од првото коло, но натпреварот остана во сенка поради црвениот картон на Роналдо и неговата реакција при излегувањето од теренот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми денес пишуваат дека Роналдо останал сам два часа на „Местаља“, но и дека добил огромна подршка од своите соиграчи.

„Ајде Крис“, довикнал Бернардески кога влегол во соблекувалната после натпреварот.

Управата на клубот разговарала со Роналдо после натпреварот, а според „Кориере дело Спорт“, Португалецот останал во соблекувалната до полниќ кога испратил извинување на сите присутни.

И понатаму е неизвесно колку натпревари ќе пропушти, а според англиски „Гардијан“ актуелениот најдобар играч во светот ќе го пропушти само натпреварот против Јанг Бојс и ќе има прилика да игра на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шкендија продаде еден од своите фудбалери во руски Ахмат

Шкендија официјално потврди дека го реализирала трансферот на дефанзивецот Клисман Цаке, к…