Дома Фудбал Италија Конте ја прифати понудата на Интер, но постои причинa поради која се уште не потпишал

Конте ја прифати понудата на Интер, но постои причинa поради која се уште не потпишал

conte

Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Антонио Конте од наредната сезона сигурно ќе го предводи Интер.

Конте е една година без работа откако доби отказ од Челси, но се уште е под договор со лондонскиот тим бидејќи не успеаја да се договорат за висината на оштетата која требаше да ја добие Италијанецот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, Конте одлучи дека е време да се врати на тренерската клупа и на интересен начин најде да ги надокнади парите од Челси. Од клубовите кои сакаат да го донесат веднаш им побара девет милиони евра или во спротивно веднаш ќе ги прекине преговорите.

Наводно, Интер е спремен да ги исполни сите услови и многумина очекуваат Конте од наредната сезона да го гледаат на клупата на клубот од Меаца. Но, Кориере дело Спорт пренесува дека поранешниот италијански селектор се уште се надева на повик од Јувентус.

Конте со Интер се уште не потпишал ништо иако веќе се договорени условите во договорот, а наводно тоа го одлучил бидејќи постои можност да се врати во Јуве.

Покрај Интер и Јуве, интерес за овој тренер покажаа уште и ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…