Дома Фудбал Англија Конечно: Еве колку заработуваат Погба и Ибра во Јунајтед

Конечно: Еве колку заработуваат Погба и Ибра во Јунајтед

Познатата фудбалска страница „Фудбал Лекс” откри интересни детали од договорите на двете суперѕвезди на Манчестер Јунајтед, Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ.

Французинот и Швеѓанецот минатото лето пристигнаа во Манчестер, но до денеска не беше познато колку заработуваат во новиот клуб.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Многумина ќе се изненадат, но иако Пол Погба беше платен 89 милиони фунти, тој заработува “само” нешто повеќе од осум милиони фунти годишно, односно околу 165.000 евра неделно.

Таа сума наредната сезона доколку Јунајтед се пласира во Лигата на шампионите ќе порасне за околу два милиони  фунти. Сепак, Погба не е ниту блиску до сумата која ја заработува Златан Ибрахимовиќ. Искусниот голгетер потпиша едногодишен договор вреден неверојатни 19 милиони евра, односно 367.000 неделно.

Доколку Златан остане во клубот и наредната сезона би требало да добие околу 500.000 за евентуален пласман на Јунајтед во четвртфиналето од Лигата на шампионите, 1.25 милиони за пласман во полуфиналето и неверојатни 5.25 милиони евра за евентуална титула во најелитното европско натпреварување. Да скратиме, Златан со овие примања во овој момент е најплатен фудбалер во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал го сака дефанзивецот на Челзи

Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис…