Навивачите на Манчестер Јунајтед конечно дочекаа позитивни вести.
Првата ѕвезда на клубот Пол Погба се опорави од повредата и ќе биде спремен за утрешниот натпревар во Лига купот.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Да потсетиме, Погба неодамна го повреди зглобот и пропушти неколку натпревари, но сега се опорави од повредата и ќе биде спремен за настап на утрешниот натпревар против Рочдејл. Натпреварот се игра утре од 21 часот на Олд Трафорд.
Инаку, Јунајтед повторно има лош старт на сезоната, а последниот пораз во гости од Вест Хем донесе дополнителен немир во соблекувалната.
Црвените ѓаволи моментално се на 8. позиција во Премиер лигата со само осум освоени бода после шест одиграни кола. Во следниот натпревар во ПЛ игра против Арсенал.