Денес започнува Светското првенство фудбал, Шведска се пласираше на Мундијалот, но сепак нема да имаме прилика да уживаме во мајсториите на големиот Златан Ибрахимовиќ.
Ибра одлучи да не игра на Мундијалот, потоа во свој стил изјави и дека Светското првенство без него не е Светско првенство, сепак во последната изјава беше нешто повеќе сериозен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пред неколку години се простив од националниот тим. Настапот на еден Мундијал е нешто најубаво што може да му се случи на еден фудбалер. Тоа е момент на вечно сеќавање, момент на чест“, изјави Ибрахимовиќ за „Спутник“.
Ибрахимовиќ кој има 36 години пред заминувањето за САД во тимот на Лос Анџелес Галакси го носеше дресот на повеќе европски гиганти како Јувентус, Интер, Милан, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед… Тој е најдобар стрелец на сите времиња во шведската репрезентација, постигна 62 погодоци на 116 натпревари.