Дома Фудбал Репрезентации Кога е репрезентацијата во прашање нема дилеми: Роналдо доминира во однос на Меси!

Кога е репрезентацијата во прашање нема дилеми: Роналдо доминира во однос на Меси!

На Роналдо уште два гола му недостигаат до „стотка“ во репрезентацијата откако вчера против Литванија постигна хет-трик.

Роналдо постигна хет-трик во победата на Португалија над Литванија со 6:0 во квалификациите за Европското првенство 2020. Со тоа неговата репрезентација дојде поблиску до пласман на ЕП. Со тој хет-трик Роналдо е поблиску до рекордот на Ал Даеи од 109 гола за репрезентацијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалецот во овој момент има 98 на 163 натпревари за Португалија, а додаде уште 37 асистенции. Ако продолжи со ова темпо посебно кога Португалија ќе се пласира на ЕП тогаш рекордот кој го брка може многу брзо да падне.

За споредба Меси има само 68 голови во дресот на Аргентина во 135 настапи. Оваа година Роналдо постигна 12 голови за репрезентацијата повеќе отколку Меси во последните три години (11).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …