Антоан Гризман минатото лето пристина на „Камп Ноу“ како големо засилување, но не ги оправда очекувањата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гризман нема постигнато гол на последните 10 натпревари, а сега доби критики и од легендата на каталонскиот клуб, Христо Стоичков.
Стоичков често ги критикува фудбалерите на Барселона и лошите трансфери на раководството, па сега на ред дојде и Гризман.
„Кога е на теренот, Барселона е со играч помалку. Клубот мора да го продаде на лето ако сака успех на долгорочен план. Не знам ниту што прави Гризман таму. Тринкао и Брајтвајт мораат да бидат пред него“, порача Стоичков.