Дома Фудбал Англија Клоп: Среќен сум што на Сити му е укината казната

Клоп: Среќен сум што на Сити му е укината казната

УЕФА пред пет месеци го исфрли Манчестер Сити од Европа и го казни со 30 милиони евра поради кршење на финансискиот фер-плеј, сепак вчера беше објавено дека жалбата е прифатена и „граѓаните“ ќе играат во ЛШ.

Таквата одлука предизвика бројни реакции во светот на спортот, а се огласи и Јирген Клоп, тренерот на големиот ривал на Ливерпул.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клоп призна дека е среќен што е укината казната на Сити затоа што тоа ќе значи дека ќе имаат повеќе натпревари во сезоната.

„Среќен сум што Сити ќе игра во Лигата на шампионите. Ако имаат 10-12 натпревари помалку во сезоната никој во лигата не би имал шанси да им се доближи“, изјави Клоп.

Манчестер Сити преку англиското првенство го обезбеди настапот во Лигата на шампионите следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…