Дома Фудбал Англија Клоп се изнасмеа и му одговори на Гвардиола: Немам поим дека цела држава е за нас 🎥

Клоп се изнасмеа и му одговори на Гвардиола: Немам поим дека цела држава е за нас 🎥

Maнаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се изнасмеа откако новинарите му ја прочитаа изјавата на Пеп Гвардиола после натпреварот против Њукасл.

Шпанскиот менаџер ги обвини медиумите, но и цела Англија дека е против Манчестер Сити и дека сите навиваат Ливерпул да ја освои титулата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Сите во оваа држава навиваат за Ливерпул. Новинари, медиуми…сите. Тоа е затоа што Ливерпул има голема историја во европските натпреварување. Во Премиер лигата немаат затоа што освоија само една титула во последните 30 години. Не ми е гајле што луѓето сакаат Ливерпул да биде шампион, судбината е во наши раце“, порача Гвардиола.

На оваа изјава на Гвардиола Клоп се изнасмеа и порача:

„Немам поим дека цела држава е за нас. Мене не ми изгледа така. Можеби тој знае повеќе од мене. Очигледно е дека тешко го поднел испаѓањето од Лигата на шампионите…“.

Манчестер Сити на три кола до крајот има три бода повеќе од Ливерпул и ќе игра против Вулверхемптон, Вест Хем и Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…