Ливерпул ова лето не беше премногу активен на трансфер-пазарот, пристигна стоперот Ибрахим Конате од Лајпциг. Во клубот повеќе се работеше на задржување на најважните играчи, се продолжија договорите со повеќе играчи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Меѓутоа сега од Островот се најавува дека Клоп размислува и за засилување во следниот преоден рок. Наводно Германецот е воодушевен од настапите на Џуд Белингам од Борусиоја Дортмунд.
Белингам веќе е стандарден во Борусија, а полека се наметнува и како стартер во англиската репрезентација.
Тој е фудбалер кој може да покрие неколку позиции во средниот ред, цената му изнесува 90 милиони вера, па ако сака Клоп да го доведе ќе мора да го сруши клупскиот рекорд.