Дома Фудбал Клоп порача дека „Камп Ноу“ е обично игралиште, а сега се огласи Барселона (ФОТО)

Клоп порача дека „Камп Ноу“ е обично игралиште, а сега се огласи Барселона (ФОТО)

Барселона и Ливерпул утре на „Камп Ноу“ го играат првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите.

За многу љубители на фудбалот ова ќе биде финале пред финале и многумина сметаат дека Лигата на шампионите ќе ја освои оној кој ќе излезе како победник од овој спектакуларен натпревар.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Првиот натпревар помеѓу Барселона и Ливерпул се игра утре на „Камп Ноу“ од 21:00 часот и сигурно дека фудбалските фанови со нетрпение го очекуваат почетокот на овој натпревар.

Во текот на вчерашниот ден голема прашина помеѓу навивачите на Барселона предизвика тренерот на англискиот клуб Јирген Клоп кој не е воодушевен од стадионот на Барселона. Клоп порача дека за него „Камп Ноу“ е обично игралиште.

Меѓутоа од Барселона изгледа не можеа да поминат баш преку тоа и одлучија да се огласат на друштвените мрежи.

„Наша куќа. Наш храм. Наш тврдина“, порачаа од Барселона со фотографија од „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…