Алекс Окслејд Чемберлејн ова лето одлучи да го напушти Арсенал и премина во редовите на Ливерпул, но до сега не ги оправда очекувањата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На последниот натпревар за Црвените, брзоногиот Англичанец одигра одлично. Ливерпул го совлада Борнмут со 4:0, а Окс запиша асистенција и го одигра целиот натпревар, што не зачудуваат добрите коментари од страна на Јирген Клоп.
„Тој е на добар пат. Ми се допаѓа, има неверојатно огромен потенцијал, што не го покажува секогаш.“ – изјави Клоп за официјалниот сајт на Ливерпул.
„Се надевам дека ќе остане спремен, тоа е најбитната работа. Може да биде повеќе решителен во некои ситуации. Понекогаш повеќе игра на средината отколку напаѓач – има многу работи кои може да ги подобри. Навистина сум среќен поради него.“ – додаде тренерот на Црвените.