Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше задоволен од ремито со Митиланд во Лигата на шампиони бидејќи на терен изведе подмладен состав.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ливерпул веќе беше пласиран во осминафиналето, па Клоп на терен изведе прилично подмладен состав.
„Ако ми кажевте дека ќе освоиме бод со најмладиот состав во историјата, не сум сигурен дали ќе ви поверував. Но, морав да изведам ваков состав со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме“, изјави Клоп.
Натпреварот го одбележаа многу ВАР проверки, па Клоп истака дена не е сигурен дали тоа е добро за фудбалот.
„Едноставно беше предолго. Не сакам да зборувам дали беа во право во тешки одлуки, но кога тоа трае три-четири минути е навистина тешко. Јас бев првиот кој велев дека ВАР е супер-идеја, но веќе не сум сигурен во тоа. Но, сега е тука и мораме да се справиме со системот“, вели Клоп.