Дома Фудбал Англија Клоп вечерашниот натпревар на Ливерпул ќе го гледа на својот лаптоп

Клоп вечерашниот натпревар на Ливерпул ќе го гледа на својот лаптоп

Фудбалерите на Ливерпул вечерва на свој терен ќе го играат реваншот против Шрусбери во 1/16 финалето од ФА Купот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул вечерва нема да настапи со своите најдобри играчи, Клоп одлучи поради тешкиот распоред да им даде одмор на своите првотимци. Германскиот стратег и претходно критикуваше дека англиските клубови имаат преголем број натпревари во сезоната.

Очигледно дека на Ливерпул не му е толку важно дали ќе помине во наредната фаза, па вечерва на „Енфилд“ ќе играат резервите. Исто така на клупата нема да биде и Клоп. Екипата ќе ја води Нил Кричли кој е тренер на резервниот тим на клубот од „Енфилд“.

Клоп не сакаше првотимците да го прекинуваат одморот кој им го вети поради непланираниот натпревар (се игра реванш затоа што првиот заврши без победник 2:2). Клоп порача дека натпреварот ќе го гледа на својот лаптоп дома и ако има потреба ќе го побара Кричли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…