Дома Фудбал Англија Кејн и Сон го вратија Тотенхем на победничката патека

Кејн и Сон го вратија Тотенхем на победничката патека

Во првиот натпревар за денеска во англиската Премиер лига Тотенхем го совлада ВБА со 2:0.

Спарси имаа три порази во низа, а ВБА беше идеална прилика да се вратат на победничката стаза и да се вратат во борба за позиција која води во Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Враќањето на Хари Кејн го раздвижи Тотенхем, а токму англискиот репрезентативец во текот на целиот натпревар беше најопасен кон голот на ВБА.

Гостите го издржаа притисокот на Тотенхем во првите 45 минути, но попуштија во првите 15 минути од второто.

Кејн во 54. минута погоди за 1:0, а само четири минути подоцна Лукас му асистираше на Сон, на кој не му беше тешко да постигне гол.

Тотенхем е на седмата позиција на табелата со 36 бода, а во следното коло му гостува на Манчестер Сити, додека претпоследниот ВБА бодови за спас ќе бара против Манчестер Јунајтед на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…