Дома Фудбал Кејлор Навас го продолжи договорот со ПСЖ

Кејлор Навас го продолжи договорот со ПСЖ

Кејлор Навас бранеше одлично оваа сезона на голот на ПСЖ, па поради тоа следуваше награда.

Франускиот клуб денеска објави дека репрезентативецот на Костарика потпиша нов договор со ПСЖ до летото 2024. година, што е за една година повеќе од моменталиот договор според кој во Париз требаше да остане до 2023. година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Навас во Париз пристигна во 2019. година од Реал Мадрид, со кој претходно освои три титули во ЛШ.

Ќе се обиде сега со ПСЖ да го освои тој трофеј, а неговиот тим во полуфиналето игра против Манчестер Сити.

Исто така, Навас и друштво се борат за титулата и во Франција, а во трката се уште и Лион, Монако и Лил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позајмицата на Коло Муани истече: ПСЖ ќе го пушти во Јувентус под еден услов!

Рандал Коло Муани беше на позајмица во Јувентус каде што навистина се истакна со одлични н…