Дома Трансфер зона Кеси ја напушта Барса и се сели во Лондон

Кеси ја напушта Барса и се сели во Лондон

Франк Кеси би можел до крајот на преодниот рок да ја напушти Барселона и да се пресели во Премиер лигата.

Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака уште во јануари да ја промени средината, а иако се шпекулираше дека може да се врати во Серија А, сепак е најблиску до Премиер лигата.

Имено, силен интерес за него покажува Антонио Конте, а Тотенхем веќе стапил во контакт со неговиот агент.

„Спарси“ се спремни да платат 20 милиони евра за неговиот потпис, а тоа за Каталонците би бил чист профит со оглед на фактот дека Кеси пристигна како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…