Дома Топ вести „Кевин Де Брујн на лето ќе добие неверојатна понуда“

„Кевин Де Брујн на лето ќе добие неверојатна понуда“

Кевин Де Брујн на лето ќе добие „неверојатна“ и многу богата понуда од неименуван саудиски клуб кој ќе му понуди договор до 2027 година, тврди италијанскиот новинар Николо Шира.

Де Брујн е еден од најдобрите фудбалери во светот и неговиот договор со Манчестер Сити има важност до 2025 година. Вредноста на „Трансфермаркт“ му изнесува 60 милиони евра, но јасно е дека тоа е сума за која Манчестер Сити нема да го пушти.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ќе потсетиме, јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија минатата година ги презема најголемите четири клуба во оваа земја: Ал Итихад, Ал Хилал, Ал Наср и Ал Ахли.

Од тој момент бројни фудбалски ѕвезди од Европа за богати понуди се преселија во Саудиска Арабија. Прв беше Кристијано Роналдо, а по него следуваа: Канте, Рубен Невес, Брозовиќ, Бензема…

Де Брујн сезонава имаше проблеми со повредите и запиша само 12 настапи. Сепак и тоа му беше доволно за да стигне веќе до 12 асистенции и два гола за тимот предводен од Пеп Гвардиола. Од кога е во Сити освои 17, претходно освои два со Волфсбург и три со Генк.

На индивидуален план најголем успех му е третото место во изборот за „Златната топка“ во 2022 година кога беше зад победникот Бензема и Садио Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Во ФФМ делува како да има нетрпеливост кога станува збор за Пандев“

Македонскиот фудбалер, Бобан Николов беше гостин во подкастот на Стефан Лазаров каде што з…