Дома Фудбал Останато Кварежма херој за Бешикташ во големото турско дерби (ВИДЕО)

Кварежма херој за Бешикташ во големото турско дерби (ВИДЕО)

Бешикташ денес славеше над Фенербахче со 3:1 на домашен терен во рамки на 23. коло во турското првенство.

Беше ова важен меч во битката за титулата, а Бешикташ на крајот по пресврт славеше победа.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Гостите подобар го отворија мечот и по осум минути поведоа преку Фернандес со 1:0. Во продолжението Бешикташ играше многу подобро и до израмнување дојде преку Вида во 49. минута.

Со крајот на средбата домашните направија пресврт, а брилјираше и Кварежма. Португалецот најпрво во 77. минута погоди за 2:1, а во судското продолжение со уште еден погодок ја потврди победата на својот тим.

Бешикташ сега има 44 бода и се наоѓа на третата позиција и тоа поради подобра гол разлика во однос на денешниот ривал кој има исто толку бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато кога Флик ќе стане тренер на Барса, откриени и детали од догворот

Ханси Флик во понеделник ќе стане нов тренер на Барселона! Чави Ернандез во недела за посл…