Дома Фудбал Италија Кварацхелија става потпис, познати сите детали

Кварацхелија става потпис, познати сите детали

Квича Кварацхелија е вистинско откритие на Серија А оваа сезона и се промовираше во вистински лидер на Наполи, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Грузиецот има ефект од 12 гола и 12 асистенции на 23 натпревари во Серија А, па заедно со Осимен го води Наполи кон Скудетото после многу години.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес за Грузиецот, но Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и е блиску до продолжување на договорот.

Веќе е постигнат договор, па Кварацхелија наскоро ќе стави потпис на нов договор до 2028 година според кој ќе заработува 4 милиони евра по сезона.

Не е познато дали во договорот ќе има откупна клаузула, но медиумите шпекулираат дека таа може да изнесува 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…