Лорис Кариус зад себе има тешка сезона во дресот на Ливерпул која ја одбележаа катастрофалните грешки во Лигата на шампиони.
Неговите лоши партии го натераа Јирген Клоп да го донесе Алисон од Рома, а со тоа стана јасно дека Кариус ќе побара нов клуб, со оглед на фактот што „црвените“ во ростерот го имаат и Симон Мињоле.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Како што пренесуваат англиските медиуми Кариус е на чекор од трансфер во редовите на турскиот гигант Бешикташ, каде ќе ја помине сезоната како позајмен голман од Ливерпул.
Ливерпул овие денови се „ослободи“ од неколку свои фудбалери, па Марко Грујиќ го испрати на позајмица во Херта, а Шеј Ојо во Астон Вила.