Англија е вториот финалист на ЕП. Избраниците на Герет Саутгејт во полуфиналето ја совладаа Холандија со 2:1 и изборија меч со Шпанија за трофејот на европскиот шампионат.
Холанѓаните рано поведоа со прекрасниот гол на Чави Симонс, но Хари Кејн брзо одговори од белата точка. Кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, се појави Оли Воткинс кој во 90. минута погоди за второ последователно евро-финале за Англија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, според многумина, пеналот досуден за Англија е многу контроверзен. Контактот помеѓу Кејн и Дамфрис не беше сомнителен, но дојде откако Кејн веќе упати удар кон голот и промаши. Судијата по прегледувањето на видеото одлучи дека тоа е прекршок за најстрога казна.
Мислењата се поделени, но има и такви кои сметаат дека тоа не бил пенал кај Англичаните. „Ова никогаш не е пенал“, објави Џејми Карагер, поранешен англиски репрезентативец, на X.
Со него се согласи и неговиот поранешен соиграч Гери Невил, кој за одлуката рече: „Апсолутен срам, како дефанзивец морам да го кажам тоа“.