Дома Фудбал Англија Карагер за трансферот на Торес во Челзи: Знаев дека ги измамивме

Карагер за трансферот на Торес во Челзи: Знаев дека ги измамивме

Фернандо Торес имаше одлична кариера, а посебно добар беше во периодот во Ливерпул.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој во 2011 година од Ливерпул премина во Челзи и тоа за 60 милиони евра и таму од него многу се очекуваше.

Сепак, Торес покрај епизодот во Челзи се најде помеѓу најголемите промашувања, во 110 лигашки натпревари постигна 20 голови.

Џејми Карагер, неговиот поранешен соиграч од Ливерпул сега зборуваше за таа ситуација и објасни што мисли за сето тоа.

„Не можев да верувам тогаш. Знаев дека го измамивме Челзи. Тој таа година беше само сенка од оној вистински Торес. Во првите 18 месеци беше помеѓу најдобрите во светот, а подоцна падна. Челзи го доведе затоа што играше одлично против нив. Бевме лоши, а тој им даде два гола“, објасни Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Jирген Клоп може да се врати на тренерската работа, еве и каде!

Иако поминаа две години откако Јирген Клоп го напушти Ливерпул, тој останува еден од најце…