Дома Фудбал Капело: Секој треба да се плаши од ваков Реал Мадрид

Капело: Секој треба да се плаши од ваков Реал Мадрид

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело има само пофални зборови за Зинедин Зидан и неговиот Реал Мадрид.

„Кралевите“ синоќа го елиминираа Ливерпул и се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампиони, со што уште еднаш потврдија дека тимот влегува во одлична форма.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Капело смета дека Реал е посебно опасен оваа сезона и дека останатите тимови треба да се плашат од тимот на Зидан.

„Фудбалерите на Реал одлично знаат кога треба да ја освојат топката на теренот. Младите фудбалери созреваат, иако притисокот во Реал е голем. Зидан одлично го спрема тимот и му дава смиреност. Со ваква одмереност во играта и без навивачи на стадионите, секој треба да се плаши од овој Реал Мадрид. Зидан уште еднаш докажа дека е тренер кој може да извади максимум од секој фудбалер, има талент и лидерски способности“, изјави Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Солскјер се појави во регионот и веќе имал разговор со Манчестер Јунајтед

Од Манчестер Јунајтед веќе се поврзале со Оле Гунар Солскјер во врска со можноста тој да г…