Венгер отворено призна дека се обидел да го донесе.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Канте наместо да си оди во Аренал се приклучи на Челзи од Лестер и со нив ја освои втората титула во Премиер лигата. Венгер заклучи дека Канте одлучил да се придружи на „Сините“ бидејќи му понудиле повеќе пари.
„The Mirror“ тврди дека Венгер бил блиску до агентот на Канте и дека договорот бил спремен. Но, платата од 200,000 фунти и плус бонуси ја одбиле шефовите на „Топчиите“ и со тоа му овозможиле на Челзи да го комплетира трансферот на 26-годишниот играч.
Потсетуваме дека Месут Озил во моментов е најплатениот играч на „Емирати“, кој пред некое време го продолжи договорот на три години и со тоа стана најплатениот играч на Арсенал.