Јапонскиот репрезентативец Даичи Камада пристигна во Рим да го комплетира трансферот во Лацио.
Камада одигра фантастична сезона за Ајнтрахт со 16 гола и 6 асистенции и во Лацио пристигнува како слободен агент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јапонецот имаше комплетен договор со Милан, но „росонерите“ го одолговлекуваа трансферот бидејќи немаа место за играчи надвор од ЕУ.
Тоа го искористи Лацио и постигна договор со Камада, па Јапонецот ќе пристигне на Олимпико без обештетување.
Камада ќе потпише 3-годишен договор со Лацио каде ќе заработува 4 милиони евра по сезона.
🚨🩺 #Lazio, medical tests ongoing for Daichi #Kamada. 🔜✍️⚪🔵 https://t.co/T6PBmVPrtw pic.twitter.com/HFtdXHAAxg
— Rudy Galetti (@RudyGaletti) August 4, 2023