Дома Фудбал Калдерон: Флорентино Перез е успешен, но направи две грешки

Калдерон: Флорентино Перез е успешен, но направи две грешки

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон го коментираше евентуалниот трансфер на Мохамед Салах како и заминувањето на Кристиано Роналдо.

„Килијан Мбапе или Салах? Двајца неверојатни играчи кои сигурно ќе го подобрат тимот, но со актуелната финансиска ситуација ќе биде тешко да се потрошат многу пари. Секој тим сака такви играчи, но мислам дека во моментов Реал не може да си дозволи таков трансфер“, изјави Калдерон.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Потоја ја коментираше работата на Флорентино Перез и истакна дека направил две грешки.

„Перез без сомнеж има голем успех во Реал. Сепак ја освои Лигата на шампиони неколку пати и го назначи еден од најдобрите тренери во историјата. Сепак, сметам дека направи две грешки, што дозволи да заминат Роналдо и Раул“, смета Калдерон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судската битка продолжува: ПСЖ и Мбапе се тужат заемно за над 500 милиони евра

Полемиката помеѓу Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе продолжува, при што денес двете страни п…