Дома Трансфер зона Каков крал: Марко Бориело има нов клуб и тоа на место на кое сигурно ќе ужива!

Каков крал: Марко Бориело има нов клуб и тоа на место на кое сигурно ќе ужива!

borielo

Легендарниот италијански напаѓач, Марко Бориело пронајде нов ангажман и тоа на место каде што познавајќи го неговиот карактер сигурно ќе ужива.

Откако му истече договорот со италијански СПАЛ, Бориело се одлучи да настапува во третата шпанска лига, но не било каде туку на – Ибица во истоимениот клуб.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Станува збор за шпанскиот третолига Унион Депортиво Ибица, како што гласи целото име на клубот или едноставно Ибица.
Напаѓачот е без клуб од ова лето, а СПАЛ го напушти после конфликтот со претседателот на клубот Валтер Матоли.

Во својата богата кариера Бориело настапуваше за Тревисо, Тристина, Емполи, Реџина, Рома, Милан, Сампдорија, Џенова, Каљари, Јувентус, Вест Хем, Карпи и Аталанта. Запиша и настапи за репрезентацијата на Италија.

36 годишниот Бориело е и познат како човек кој ужива во добрите забави, па нема сомневање дека лудите журки на Ибица биле една од причините да ја избере својата нова дестинација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Чистка“ во Арсенал: Артета продава трио од 140 милиони евра?

Тимот на Арсенал има одлична сезона во која до самиот крај се бореше за титулата во Премие…