Дома Фудбал Останато Како Тоти станал капитен на Рома: Играчите ме избраа мене, но јас знаев дека е роден да ја води Рома

Како Тоти станал капитен на Рома: Играчите ме избраа мене, но јас знаев дека е роден да ја води Рома

Легендарниот Бразилец, Алдаир, светски шампион од 1994 година и сребрен четири година подоцна е вистинска икона на Рома. Кога во 1990 година пристигна во Рим тој не можеше ниту да претпостави дека ќе стане еден од најголемите играчи во историјата на Рома.

На „Олимпико“ овој одличен стопер се задржа цели 13 години, а за Рома одигра 436 натпревари. Алдаир за „ЕСПН“ раскажа анегдота од соблекувалната . Играчите на Рома сакале тој да биде капитен, меѓутоа тој сметал дека е подобро таа да оди кај Тоти.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кога останавме без капитен играчите гласаа и ме избраа мене. Имаше неколку кандидати, но повеќето сакаа да бидам јас. Малку размислив што тоа би значело за Франческо и целиот град. Беше навивач на Рома цел живот и наш најталентиран играч. Мислаев дека е важно да биде капитен и му ја предадов лентата. Верував дека му припаѓа нему, тој беше роден да ја води Рома како капитен. Го гледав како расте и знаев дека ќе биде еден од најголемите. Тоа на крајот и стана. Малку играчи има во светот како него“, раскажа Алдаир.

Заедно тие го освоија Скудетото со Рома во 2001 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…